Murat Karadağ
31 Јули 2024•Ажурирај: 01 Август 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа објави дека нападот на израелската војска врз густо населено подрачје во јужниот регион на Бејрут, главниот град на Либан, претставува „право на Израел да се брани“, известува Анадолу.
Портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон, даде изјава во врска со израелскиот напад извршен во Бејрут.
Истакнувајќи дека безбедноста на Израел е „цврста и непоколеблива“, Вотсон рече:
„Израел има право да се одбрани од сериозни закани.“
Вотсон додаде дека САД продолжуваат да работат на „дипломатско решение“ за ставање крај на војната во регионот.
Израелските сили вчера изведоа воздушен напад врз зграда во јужниот регион на Бејрут, каде што се наоѓа Советот Шура на Хезболах.
Во нападот се убиени две деца и една жена, а 74 лица се повредени.