Hakan Çopur
10 Август 2024•Ажурирај: 11 Август 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот советник за национална безбедност во Белата куќа, Џон Кирби, соопшти дека страните ќе се сретнат во Доха или Каиро во четврток, 15 август, за преговори за прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Кирби рече дека страните покажале волја да преговараат по заедничкиот апел на посредниците САД, Египет и Катар.
Во тој контекст, тој нагласи дека е договорено страните да се сретнат во Доха, главниот град на Катар, или во Каиро, главниот град на Египет, во четврток на 15 август.
Кирби истакна дека Израел најавил дека ќе испрати делегација на преговорите, а Катар јави дека и Хамас ќе испрати делегација.
„Се надеваме дека ова ќе даде многу корисни резултати. Не сакаме да се случи ништо што ќе ги попречи плановите кои овие две страни ќе ги доведат на маса во четврток“, рече Кирби.