Gamze Türkoğlu Oğuz
31 Октомври 2021•Ажурирај: 01 Ноември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, на состанокот со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Рим ја истакна неопходноста од продолжението на конструктивните билатерални односи, ширењето на полето на соработка и ефикасното надминување на несогласувањата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Двајцата лидери се состанаа на маргините на самитот на лидери од групата Г20 во Рим, а Белата куќа соопшти дека Бајден истакнал дека придонесот што Турција речиси 20 години го пружала на мисијата на НАТО во Авганистан е вреден за пофалба.
Во соопштението од Вашингтон се наведува дека во текот на состанокот се разговарало i за политичкиот процес во Сирија, испораката на хуманитарната помош на населението во Авганистан, за идните избори во Либија, ситуацијата во Источниот Медитеран и дипломатските напори во јужен Кавказ.
Соопштено е дека американскиот претседател ја потврдил соработката на двете земји во областа на одбраната и значењето на Турција како членка на НАТО, како и дека изразил загриженост поради турската набавка на рускиот одбранбен систем „С-400“.
Бајден, исто така, ја нагласил важноста на силните демократски институции, почитувањето на човековите права и владеењето на мирот и просперитетот.