Hakan Çopur
14 Јуни 2024•Ажурирај: 14 Јуни 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, изјави дека Хамас сѐ уште не го потпишал предлог-договорот за прекин на огнот во Газа во три фази што го најави и порача дека ќе продолжат да вршат притисок врз Хамас, јавува Анадолу.
Американскиот претседател одговараше на прашањата за најновата ситуација во Газа на конференцијата за новинари со украинскиот претседател Владимир Зеленски на маргините на Самитот на лидерите на Г-7 што се одржува во Италија.
„Изнесов предлог за договор и беше поддржан од Советот за безбедност на Обединетите нации, Г-7 и Израел. Најголема пречка досега е одбивањето на потпишување од страна на Хамас, кому претходно му поднеле сличен предлог. Ќе видиме дали ќе даде резултати. Ќе продолжиме да вршиме притисок (на Хамас)“, рече Бајден.
Зборувајќи и на друг настан во Италија на иста тема, Бајден рече дека не е сигурен дека договорот за прекин на огнот ќе биде постигнат и додаде: „Меѓутоа, не ја изгубив надежта. Хамас мора да преземе чекор.“