Michael Gabriel Hernandez
18 Октомври 2023•Ажурирај: 18 Октомври 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден се согласи да го одложи состанокот со арапските лидери што требаше да се одржи во Јордан, поради израелските напади врз Појасот Газа, соопшти синоќа Белата куќа, јавува Анадолу.
„По консултациите со јорданскиот крал Абдула Втори и во светло на Денот на жалост што го најави претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, претседателот Бајден ќе го одложи своето патување во Јордан и планираниот состанок со овие двајца лидери и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси“, изјави претставник на Белата куќа.
Бајден во изјавата го изрази своето „најдлабоко сочувство за невините животи изгубени во експлозијата во болницата во Газа“, во која загинаа над 500 луѓе.
Ашраф ал-Кудра, портпаролот на Министерството за здравство со седиште во Газа, за Анадолу изјави дека болницата „Ел-Ехли“ синоќа е погодена во израелски воздушен напад.
Палестинската група Хамас го нарече израелското бомбардирање на болницата чин на „геноцид“.