Servet Günerigök
16 Декември 2021•Ажурирај: 17 Декември 2021
ВАШИНГТОН
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, во средата ја номинира Керолин Кенеди, ќерката на поранешниот претседател Џон. Ф. Кенеди, за следен амбасадор на земјата во Австралија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кенеди беше амбасадор на САД во Јапонија од 2013 до 2017 година.
„Таа го унапреди преуредувањето на американските сили во Окинава, промовираше зајакнување на жените во Јапонија и ја зголеми размената на студентите меѓу САД и Јапонија“, соопштија од Белата Куќа.
Шеесет и четиригодишната Керолин рече дека со нетрпение очекува да соработува со австралиската Влада за зајакнување на сојузот помеѓу двете нации, за подобрување на глобалното здравство, зголемување на пристапот до вакцини за време на пандемијата со Ковид-19 и за итно решавање на климатската криза.
„Јас сум возбудена за тоа што ќе го запознаам австралискиот народ, ќе дознаам за неговата неверојатна земја и ќе го споделам со него тоа што најмногу го сакам за Америка“, рече Кенеди во изјавата пред претседателската палата.
На Кенеди ќе ѝ треба потврда од Сенатот за да земе канцеларија.
Поранешниот претседател Кенеди беше убиен од Ли Харви Освалд, на 22 ноември 1963 година, додека се возеше во поворка во Далас, Тексас.