Dildar Baykan Atalay
07 Декември 2021•Ажурирај: 08 Декември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден пред видео-конференцијата со рускиот претседател Владимир Путин со лидерите на Франција, Германија, Италија и Велика Британија разговараше за украинското прашање, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Белата куќа се наведува дека Бајден остварил телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги и британскиот премиер Борис Џонсон.
За време на разговорите, лидерите ја изразија својата загриженост поради масовноста на руските војници на украинската граница и поострата реторика на Русија.
Поканувајќи ја Русија да ги намали тензиите, лидерите истакнаа дека дипломатијата која ќе се води преку Нормандискиот формат е единствениот начин за решавање на проблемот во Донбас.
Истакнувајќи ја поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, лидерите се согласија да останат во близок контакт за да имаат заеднички пристап кон ова прашање.
Американските власти истакнаа дека Бајден ќе се сретне со своите европски сојузници пред неговата денешна средба со Путин.