Alperen Aktaş
20 Април 2024•Ажурирај: 26 Април 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Барбадос вчера објави одлука со која официјално ја призна Палестина како држава, и стана 11 членка на Карипската заедница (КАРИКОМ) која го стори тоа, пренесува Анадолу.
„Како можеме да кажеме дека сакаме решение со две држави доколку не ја признаеме Палестина како држава“, рече министерот за надворешни работи, Кери Симондс.
Министерот Симондс додаде дека одлуката не влијае на односите на Барбадос со Израел.
Тој нагласи дека оваа островска држава секогаш во ОН тврдела дека треба да постои решение со две држави.
Симондс, меѓутоа, го критикуваше фактот дека Барбадос никогаш досега не ја признал Палестина.
„Мислам дека тоа е грешка што ја правевме со години. Сега формално ја контактиравме државата Палестина да ја сигнализираме нашата намера формално да ги признаеме како држава“, додаде Симондс.