Zehra Ulucak
22 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
АНКАРА
Во близина на Дака, главниот град на Бангладеш, се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа автобус и минибус. Според првичните проценки, во несреќата животот го загубиле 10 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Дака трибјун“ („Dhaka Tribune“), претставник на полицијата соопштил дека на автопатот Дака - Мава во подрачјето Муншиганџ дошло до судир на автобус и минибус.
Овластеното полициско лице информирало дека во несреќата загинале 10 лица, меѓу кои се наоѓа и едно дете, а повредени се 10 лица.
Засега нема информации во врска со причините за несреќата.