Yusuf Özcan
22 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
ПАРИЗ (АА) - Ајфеловата кула, еден од симболите на Париз, главниот град на Франција, поради снежните врнежи е затворена за посети, јавува Anadolu Agency (AA).
Иформацијата е споделена на официјалниот профил на кулата на социјалните мрежи.
Во соопштението се наведува дека е отворен само ресторанот на првиот спрат.
Генералниот метеоролошки завод на Франција соопшти дека поради снежните врнежи е прогласен портокалов метеоаларм за 24 подрачја, меѓу кои и за Париз.
Компанијата RATP, која е задолжена за железничкиот, метро и автобускиот сообраќај во Париз и околината, соопшти дека во Ил де Франс, поради снегот се откажани 150 автобуски линии.