Ali Kemal Akan
23 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК), за време на акциите за пребарување, открија ново складиште за муниција кое им припаѓа на терористите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Генералштабот на турската Армија, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, Турските вооружени сили кои продолжуваат со операција во ова подрачје, открија уште едно складиште за муниција.
Фотографиите од ова складиште беа објавени на социјалните мрежи од страна на Турските вооружени сили, и на нив се забележуваат рачни експлозиви.
Од друга страна, Турските вооружени сили, исто така, даваат поддршка за пристапот на хуманитарна помош обезбедена од страна на турската Црвена полумесечина и Управата за вонредни состојби при турската Влада (AFAD).