свет

Африканска унија: Тероризмот продолжува да се шири низ континентот и покрај преземените мерки

„Мобилизацијата за протерување на терористичката организација ДАЕШ од Блискиот Исток не се спроведува на африканскиот континент“

Tufan Aktaş  | 29.05.2022 - Обновена : 30.05.2022
Африканска унија: Тероризмот продолжува да се шири низ континентот и покрај преземените мерки

ИСТАНБУЛ (АА) - И покрај сите мерки и напори, тероризмот продолжува да се шири низ Африка, изјави шефот на Комисијата на Африканската унија, Муса Факи Махамат, јавува Агенција Анадолија (АА).

Обраќајќи се на вонредниот самит за тероризмот и неуставните промени на владите во Африка во главниот град на Екваторијална Гвинеја, Малабо, Муса Факи Махамат рече дека преземен е соодветен одговор против терористичките активности во земјите како Сомалија, Мозамбик, Гвинејскиот Залив, Демократска Република Конго, Либија, Мали и регионот Сахел, но дека и покрај тоа тероризмот продолжил да се шири во други региони.

Во однос на мерките за запирање на порастот на тероризмот на континентот, Махамат рече дека меѓународната заедница не ја поддржува доволно Африка во нејзината борба против тероризмот. „Мобилизацијата за протерување на терористичката организација ДАЕШ од Блискиот Исток не се спроведува на африканскиот континент“, додаде тој.

Исто така, „државните удари кои се случуваат во последните години на континентот се неприфатливи“, рече Махамат, нагласувајќи дека заштитата на демократските институции е неопходност за социјална и економска стабилност.

- Повик за реформи на ОН -

Говорејќи за врската помеѓу тероризмот и сиромаштијата, претседателот на Ангола, Жоао Мануел Гонкалвес Лоренсу, рече дека земјите каде што постои тероризмот се втурнати во сиромаштија, нагласувајќи дека терористичките инциденти исто така го спречуваат социјалниот и демократскиот развој.

„Државните удари доведоа до губење на политичките придобивки“, рече тој и повика на промена на светскиот поредок воспоставен по Втората светска војна и на реформа на Обединетите нации.

Лидерите на африканските земји се собраа на уште еден самит во петокот на кој разговараа за чекорите што треба да се преземат кон актуелните хуманитарни кризи, епидемии и природни катастрофи на континентот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.