Furkan Naci Top
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
АТИНА (АА) - Во Атина, главниот град на Грција, за време на протестите против конфискацијата на имотот поради ненаплатените долгови кон банките, се случи судир меѓу полицијата и демонстрантите, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите се собраа пред нотарската канцеларија за да се спротивстават на продажбата на конфискуваниот имот кој претходно бил конфискуван поради кредитната задолженост.
Во еден момент, толпата се обиде да влезе во просториите на нотарската канцеларија, но во таа намера беа спречени од страна на полицијата.
Полицијата употреби солзавец и палки за да спречи поголеми инциденти.
Протестите беа одржани од страна на Панхеленскиот Работнички фронт (ПАМЕ).
Потсетуваме, и минатата недела група демонстранти во Атина протестираа поради одлуката на грчките власти да го продадат запленетиот имот на грчките граѓани по пат на аукција.
Повеќе од 2.000 демонстранти побараа од грчката влада да ги прекине електронските аукции на кои се продава конфискуваниот имот.
Меѓу мерките за штедење на грчката влада се и дополнителното намалување на бенифициите, построги правила за штрајкови и започнување на електронска аукција на недвижен имот во хипотекарен долг.
Се проценува дека износот на кредитите, кои не се вратени во грчките банки, изнесува околу 100 милијарди евра.