Ruslan Rehimov
12 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
БАКУ (АА) - Азербејџанската Армија даде 2.841 херој во операциите спроведени во Нагорно Карабах за ослободување на териториите на Азербејџан од ерменска окупација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Азербејџан ја соопшти бројката на шехиди (загинати херои) во судирите што започна на 27 септември и завршија со Договор за прифаќање на поразот на Ерменија потпишан на 10 ноември.
Во соопштението на Министерството се наведува дека за време на војната, бројката на загинати војници на Армијата на Азербејџан се зголемила на 2.841 со пронаоѓање и идентификување на одредени тела.
Исто така, се истакнува дека над 64 војници се водат за исчезнати и дека со јавноста е споделен списокот на погребани херои.
Во операцијата што ја започна азербејџанската Армија на 27 септември од окупација беа ослободени пет центри на градови, четири града и 286 села. Ерменија го прифати поразот и потпиша договор за евакуација на окупираните региони Агдам, Лачин и Калбаџар.
Ерменската Армија од Агдам се повлече на 20 ноември, од Калбаџар на 25 ноември, а на 1 декември од Лачин.