Güven Yılmaz
11 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
КОКС БАЗАР (АА) – Араканските муслимани поради долгогодишното угнетување и насилство во Мјанмар се засолнија во бегалските кампови во Кокс Базар, во Бангладеш, се обидуваат да преживеат во тешките услови во камповите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Повеќе од еден милион Аракански муслимани живеат во 34 бегалски кампови во Бангладеш.
Во бегалскиот камп Кокс Базар, познат како најголемиот бегалски камп во светот, условите за живот се многу лоши. Во кампот најмногу страдаат жените и децата кои имаат ограничен пристап до храна и чиста вода.

На лицата на Араканските жени муслиманки, кои се борат за живот со поддршка на хуманитарните организации, може да се види сиромаштијата со која се соочуваат, очајот и нивниот копнеж по земјата во која се родени.
Децата немаат ниту образование кое е основно човеково право. Исто така, тие не смеат да излегуваат од кампот, па наоѓаат најразлични начини за да го поминат времето во кампот.
Некогаш на нивните лица може да се забележи насмевка од поради некоја едноставна играчка, а понекогаш и благодарение на игрите кои ги играат со своите браќа и сестри во тешките услови во кампот.
