Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Gülşen Topçu
02 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Еден од водечките авторитети на организацијата на „Муслиманското братство“ во Египет (Ихван), Кутуб ел Араби, во однос на планот на Соединетите Американски Држави (САД), организацијата да ја стават на листата странски терористички организации, на својот профил на Фејсбук напиша дека по изјавите во вторникот од Белата куќа, многу е веројатно дека администрацијата на САД, ќе го додаде „Муслиманското братство“ на листата на странски терористички организации, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Од 1928 година, кога е основана, организацијата, на некој начин се наоѓа на таа листа, особено во Египет“, рече Араби, додавајќи дека и покрај тоа, од организацијата „Муслиманско братство“ излегол првиот цивилен претседател на земјата (Мухамед Морси), кој беше соборен со државен удар во 2013 година.
Араби истакна дека можната одлука на САД е поврзана со прашањето на Палестина и таканаречениот план „Договор на векот“, кој треба да биде објавен во месец јуни.
- „Подготвена е средина за елиминирање на опозицијата пред да се роди“ -
Араби, исто така, наведе дека изготвувачите на планот знаат дека од „Муслиманското братство“ и од другите исламски здруженија ќе ја добијат најголемата реакција и дека затоа се подготвува средина за да се елиминира опозицијата уште пред да се роди.
Во соопштението од Белата куќа, дадена во вторникот, администрацијата на Доналд Трамп најави дека планира „Муслиманското братство“ да ја стави на странската терористичка листа, но не даде информации за тоа дали одлуката ќе ги опфати и другите ограноци на организацијата надвор од Египет.