свет

Апокалиптични слики од Газа: Разорениот град Хан Јунис

Снимателот на Анадолу со дрон го сними степенот на уништеност во градот Хан Јунис, второто по големина урбано подрачје во Појасот Газа, по градот Газа

Qais Omar Darwesh Omar, Muhammed Emin Canik  | 24.11.2023 - Обновена : 29.11.2023
Апокалиптични слики од Газа: Разорениот град Хан Јунис

ХАН ЈУНИС (АА) - Со договорот меѓу Хамас и Израел започна хуманитарна пауза, која ќе ги запре нападите врз Газа на четири дена и ќе овозможи размена на заробеници и влез на хуманитарна помош, јавува Анадолу.

Меѓутоа, низ Појасот Газа на секое место е видлив ужасниот степен на разорување и апокалиптичните сцени кои останаа по бруталните напади на израелската војска.


Со договорот меѓу Хамас и Израел започна хуманитарна пауза. Меѓутоа, низ Појасот Газа на секое место е видлив ужасниот степен на разорување и апокалиптичните сцени кои останаа по бруталните напади на израелската војска.

Снимателот на Анадолу со дрон го сними степенот на уништеност во градот Хан Јунис, второто по големина урбано подрачје во Појасот Газа, по градот Газа.

Четиридневната хуманитарна пауза меѓу израелската војска и Хамас стапи на сила утринава на сите подрачја во Појасот Газа, со што привремено се запрени нападите поради размена на заробеници и влез на хуманитарна помош во енклавата.

Од почетокот на израелските напади врз Газа на 7 октомври, загинаа 14.854 Палестинци, од кои над 6.150 се деца, а над 4.000 се жени.

Во Израел загинаа 1.200 луѓе, меѓу кои повеќе од 310 војници, додека 5.132 лица се повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.