свет

Античкиот град Босра во Сирија продолжува да ја зачувува својата историска структура

Локалитетот, кој се наоѓа во близина на границата со Јордан, останува едно од ретките места во светот каде што се сочувани траги од римскиот, византискиот и раноисламскиот период на едно исто место

Aida Cako  | 02.12.2025 - Обновена : 02.12.2025
Античкиот град Босра во Сирија продолжува да ја зачувува својата историска структура Фото: Nurettin Boydak/АА

СКОПЈЕ (АА) – Античкиот град Босра, сместен во јужниот сириски регион Дара, продолжува да го чува својот автентичен историски изглед и покрај илјадниците години постоење, јавува Анадолу.

Локалитетот, кој се наоѓа во близина на границата со Јордан, останува едно од ретките места во светот каде што се сочувани траги од римскиот, византискиот и раноисламскиот период на едно исто место.

Градот, впишан на листата на светско наследство на УНЕСКО, е познат по тоа што голем дел од неговата архитектонска и урбана структура останале речиси недопрени, и покрај историјата исполнета со конфликти, миграции и природни промени.

Посебно се издвојува добро сочуваниот римски театар од 2 век, кој важи за еден од најимпресивните и најцеловито зачувани антички театри во светот.

Покрај него, во градот се наоѓаат антички улици, бањи, храмови, византиски базилики и раноисламски градби кои сведочат за континуитетот на цивилизациите што поминале низ регионот.

Античкиот град продолжува да привлекува посетители, истражувачи и експерти од целиот свет, кои го сметаат за редок пример на град што ги обединува богатствата на неколку големи цивилизации во едно место.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın