Hakan Çopur
16 Ноември 2018•Ажурирај: 16 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот Сенат подготви нов нацрт-закон за санкции кон Саудиска Арабија, кој вклучува и укинување на продажбата на оружје, поради убиството на Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Нацрт- законот е подготвен од страна на Боб Менендез, демократски сенатор во Њу Џерси и републиканецот Тод Јанг, сенатор на Индијана. Исто така нацрт-законот е поддржан од републиканците Линдзи Греам и Сузан Колинс и од демократските сенатори Џек Рид и Џин Шахен.
Во писмено соопштение во врска со новиот нацрт-законот, Менендез нагласи дека одлуката на американските власти за воведување санкции врз 17 саудиски власти не е доволна и додава дека е потребно да се воведат нови санкции кон ова земја.
- „Потребно е да се спроведе транспарентна и прифатлива истрага“
„Во врска со убиството на Кашоги потребно е да се спроведе транспарентна и прифатлива истрага. Со овој нацрт- закон конгресот уште еднаш ја демонстрира својата посветеност за човековите права и одговорност", изјави Менендез.
Менендез во изјавата се осврна и на војната што Саудиска Арабија ја води во Јемен. „Конгресот бара итен прекин на конфликтите во Јемен", истакна Менендез.
- Силен акцент на војната во Јемен
Републиканецот Јанг во писмената изјава во врска со предложениот нацрт-законот нагласува:
„Овој нацрт-закон е адут кој раковоството на Трамп треба да го искористи против сите страни во Јемен, со него може да се посочи на најлошата хуманитарна криза во светот и можат да се отворат вратите за започнување на преговори за да се стави крај на граѓанската војна".
Во нацрт-законот се предвидува прекин на продажбата на сето оружје за напаѓачка намена која САД се обврза да и ја даде на Саудиска Арабија. Овој нацрт-законот опфаќа боева муниција, бомби, проектили, воени авиони, тенкови и вооружени возила.
- Санкции за луѓе кои го попречуваат пристапот на хуманитарна помош
Покрај гореневеденото, овој предлог-законот му забранува на САД да им дава гориво на саудиските воени авиони во Јемен, а исто така тој предвидува санкции и за сите оние кои кои го спречуваат пристап на хуманитарна помош за Јемен.
Законот предвидува задолжителни санкции за сите лица кои се одговорни за убиството на Кашоги и предвидува подготвка на извештај за сите прекршувања на човечките права Саудиска Арабија кој ќе му биде претставен на Конгресот.
Претходно, Комитетот на американскиот Сенат за надворешни односи, испрати писмо до претседателот на САД, Доналд Трамп, во кое бара за судбината на Џамал Кашоги, да се подигне обемна истрага во рамките на „Закон Магнитски“ за глобална одговорност поради кршење на човековите права.
Слично на тоа, повеќе од 40 претставници од Претставничкиот дом на САД испратија писмо до Трамп, во кое бараат случајот Кашикчи да биде истражен во рамките на „Закон Магнитски“.
За да биде изгласан овој нацрт-законот, потребно е тој да биде усвоен во Генералното собрание на Сенатот и во Претставничкиот дом.