Gökhan Kavak
16 Ноември 2018•Ажурирај: 16 Ноември 2018
ХАРАРЕ (АА) - Во јужноафриканската држава Зимбабве, дојде до експлозија на патнички автобус. Во несреќата животот го загубија 42 лица, а 20 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека во подрачјето на покраината Матабелеленд Југ се случила експлозија во еден патнички автобус.
Во експлозијата животот го загубиле најмалку 42 лица, а 20-мина се повредени.
Очевидците изјавија дека веројатно некој од патниците со себе носел плин или бензин и тоа е причина за експлозијата.
Полицијата не даде подетални информации во врска со несреќата, но соопшти дека некои од ранетите имаат сериозни изгореници.