İsmail Özdemir
16 Ноември 2018•Ажурирај: 17 Ноември 2018
ИСТАНБУ (АА) - Погребната молитва во отсуство на Џамал Кашоги, новинарот убиен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, денес се одржа во повеќе земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинари од повеќе делови од светот присуствуваа на денешната погребна молитва во Фатих џамијата во Истанбул, која се одржи по петочната молитва.
Погребната молитва за Кашоги се одржуваат и во Мека, Лондон, Анкара, Џакарта и голем број на други градови.
Во Џамијата на божјиот пратеник во Медина утринава е одржана погребната молитва во отсуство на телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, а на молитвата присуствуваше и неговиот син Салах Кашоги.
Новинарот на АА јавува дека утринава по утринската молива во Џамијата на божјиот пратеник во Медина е одржана и погребната молитва во отсуство на телото на Џамал Кашоги, кој брутално е убиен на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул.
Неговиот син Салах вчера на социјалната мрежа Твитер објави дека погребната молитва за неговиот татко ќе се одржи по петочната молитва во Месџид ел-Харам, поточно во Големата џамија во Мека.
Салах претходно изјави дека семејството ќе прима сочувство од петок до недела во нивниот дом во Џеда.
Колумнистот на весникот „Вашингтон пост“ („The Washiington Post“) е убиен на 2 октомври во објектот на саудискиот Конзулат во Истанбул. По неколкунеделно негирање дека имаат одредени сознанија во врска со Кашоги, саудиските официјални лица признаа дека Кашоги бил убиен при расправија во Конзулатот.