Stipe Mayiç
19 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
ЗАГРЕБ (AA) - Во присуство на амбасадорот на Република Турција во Хрватска Ахмет Тута, за жртвите од терористичките напади во Турција организирана е погребна молитва во џамијата во Загреб. Погребната молитва ја предводеше муфтијата Азиз еф. Хасановиќ, кој во име на верниците ги пренесе пораките на сочуство со турскиот народ и турската држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Муфтијата Хасановиќ пред околу 1.200 верници, кои дојдоа на петочната молитва, после која се одржа и погребната молитва за жртвите во терористичките напади во Турција, истакна дека во "пријателкстата и братска Турција во два терористички напади страдаа многу браќа и сестри".
По налог на реису-л-улема на БиХ Хусеин еф. Кавазовиќ, денес во џематите во Босна и Херцеговина, Санџак, Словенија, Хрватска, Европа, Америка и Австралија се организираше погребна молитва за жртвите на терористичките напади во Анкара.
Хасановиќ кажа дека целта е да се прати порака на осудување на тероризмот, Хасановиќ, насекаде во светот. Муфтијата на Загреб тероризмот го нарече зло кое зима се поголем залет.
Исто така, Од Mешихатот ИЗЦГ информираа дека погребната молитва е организирана со цел да се изрази солидарност на семејствата на жртвите од терористичките напади и на турскиот народ.
Врз возилата во кои се превезуваа војниците на Вооружените сили на Турција во вечерните часови во среда е извршен терористички напад. Според официјалните информации, во нападот загинаа 28, а беа ранети 61 лице. Меѓу жртвите се 27 припадници на турската сила за безбедност и еден цивил.
Ден подоцна, шест војници загинаа, а еден е тешко ранет во нападот на терористичката организација ПКК на воено возило.