Furkan Abdula
10 Февруари 2023•Ажурирај: 13 Февруари 2023
СКОПЈЕ (АА) - Во Мустафа-пашината џамија во Скопје беше извршена погребна молитва (џеназе намаз) во отсуство за загинатите во разорните земјотреси кои го погодија јужниот дел на Туркије, јавува Анадолу.
Верниците кои дојдоа во џамијата за клањање на петочната молитва, се помолија и за загинатите и погодените во земјотресот.
Исто така, по петочната молитва се собраа донации во парични средства.
За време на предавањето (хутба), советникот за верски прашања при Амбасадата на Туркије во Скопје, Мустафа Местен, рече дека е време за давање помош и за молитва.
Местен укажа на едно поглавје (сура) од светата книга Куранот, во кое се вели: „Навистина, покрај тешкотијата е леснотијата, навистина, покрај тешкотијата е леснотијата.“
Тој изрази надеж дека уште еднаш нема да се повторат вакви болки и катастрофи.
Местен информира дека со инструкции на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Северна Македонија, Шаќир Фетаху, и во соработка со Турската фондација „Дијанет“, по петочната молитва се собира помош во парични средства во сите џамии низ земјата.