Şerife Çetin
24 Април 2023•Ажурирај: 25 Април 2023
ЊУЈОРК (АА) - ШЕРИФЕ ЧЕТИН -
Американскиот професор д-р Марк Маеровиц истакна дека нелогично и неприфатливо е настаните од 1915 година да се мешаат со холокаустот, јавува Анадолу.
Маеровиц, професор на Поморскиот колеџ при државниот универзитет во Њујорк , во изјавата за АА истакна дека покрај други предмети, држи и предавања и во врска со холокаустот.
„Ова има лично значење за мене бидејќи на некој начин и јас сум дете на геноцидот. Мојата мајка и мојот татко биле задржани во кампот во Аушвиц“, рече Маеровиц.
Потсетувајќи дека баба му починала во кампот во Аушвиц, Маеровиц рече дека неговата мајка избегала во Белгија, додека неговите две тетки избегале во Велика Британија и Аргентина.
Според него, не е точно терминот геноцид да се користи за опишување на повеќе настани.
Тој нагласи дека зборот „геноцид“ е сензитивен за него и додаде: „Ако не ја користиме внимателно терминологијата за геноцид, на некој начин предизвикуваме тоа да ја изгуби својата важност.“
Маеровиц подвлече дека настаните од 1915 година треба да бидат истражувани од страна на историчари со еден историски пристап, потсетувајќи дека Туркије ги отворила своите архиви во оваа насока.
Според него, тоа што американските претседатели, до администрацијата на Џо Бајден, во своите изјави не го користеле терминот „геноцид“ е вистински чекор.
„Терминот геноцид е многу сложен и суптилен. Ако ги погледнеме историските факти во контекст на настаните од 1915 година и случувањата за време на војната, ќе видиме дека не е можно овие настани да се споредат со холокаустот. Мене ми пречи оваа споредба. Мислам дека нема друга трагедија како холокаустот што има цел да истреби цела популација од Земјата. Нелогично и неприфатливо е настаните од 1915 година да се мешаат со еврејскиот геноцид (холокаустот). Ако зборот геноцид не го користиме внимателно, тогаш ќе почнеме секој настан да го дефинираме како геноцид. Тоа ја намалува важноста на вистинските геноциди.“, нагласи Маеровиц.
Тој рече дека припишувањето на терминот „геноцид“ на различни настани всушност води до еден вид негирање на геноцидот.
Маеровиц потсети дека земјите, како Франција и Аргентина, кои не ги прифаќаат настаните од 1915 година, ги обвинија како негатори на геноцидот.
„Ова е неприфатливо. Аргентина, која беше домаќин на нацистот Адолф Ајхман, и Франција, која беше соучесник во холокаустот за време на режимот на Виши, не може да ѝ даваат на Туркије морални лекции. Овие земји треба да ја преиспитаат сопствената историја. Што направивте за да можете да ја обвините Туркије дека извршила геноцид?“, запраша Маеровиц.