Mehmet Alaca
14 Октомври 2021•Ажурирај: 16 Октомври 2021
КАМП ЛЕЖЕН (АА) - Американскиот командант на баталјон, потполковникот Стјуарт Шелер, кој е сменет по критикувањето на Соединетите Американски Држави (САД) поради повлекувањето од Авганистан, ќе се појави пред Специјалниот воен суд, јавува Агенција Анадолија (АА).
Адвокатот Тим Парлаторе изјави дека неговиот клиент, потполковникот Шелер, ќе преземе одговорност за своите постапки пред Воениот суд во процесот кој би требало да започне денеска во кампот „Лежен“ во сојузната држава Северна Каролина.
Парлаторе додаде дека откако Шелер ќе ја признае вината, очекуваат сослушувањето на пресудата да трае два дена.
Шелер во видеото кое го објави на 26 август изјави дека воените челници би требало да одговараат за повлекувањето од Авганистан, откако во Кабул се убиени 13 американски војници.
Кратко потоа е сменет од чело на Командата за напредна пешадиска обука.