свет

Американската „Гилеад сајансис“ го презема развивачот на лекови против рак „Арселкс“ за 7,8 милијарди долари

- Податоците покажуваат дека биофармацевтскиот гигант има за цел да го максимизира долгорочниот потенцијал на клеточната терапија „anito-cel“

Gökhan Ergöçün  | 23.02.2026 - Обновена : 23.02.2026
Американската „Гилеад сајансис“ го презема развивачот на лекови против рак „Арселкс“ за 7,8 милијарди долари

ИСТАНБУЛ (АА) - Американската биофармацевтска компанија „Гилеад сајансис“ соопшти дека склучила конечен договор за преземање на развивачот на лекови против рак „Арселкс“ за околу 7,8 милијарди долари, пренесува Анадолу.

Трансакцијата вклучува 115 долари по акција во готовина, како и право на условна вредност од 5 долари по акција.

Преземањето има за цел да го максимизира долгорочниот потенцијал на „anito-cel“, истражувачка клеточна терапија за пациенти со мултипен миелом.

„Кајт“, подружница на „Гилеад“, веќе соработуваше со „Арселкс“ на заедничко развивање и комерцијализација на овој иновативен имунотерапевтски третман.

Претседателот и извршен директор на „Гилеад“, Даниел О'Деј, изјави дека договорот ја одразува увереноста на компанијата во потенцијалот на новата терапија да им помогне на пациентите со рак.

Американската Администрација за храна и лекови претходно ја прифати апликацијата за биолошка лиценца за „anito-cel“ со очекуван датум на одлука 23 декември 2026 година.

Одборите на директори на двете компании ја одобрија трансакцијата, за која очекуваат да биде финализирана во текот на вториот квартал од 2026 година.

Пред објавувањето на спојувањето, „Гилеад“ веќе поседуваше приближно 11,5 % од издадените обични акции на „Арселкс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.