Ekipa
20 Јуни 2019•Ажурирај: 21 Јуни 2019
ДУБАИ (АА) - Централната команда на војската на Соединетите Американски Држави (CENTCOM) потврди дека иранските сили срушија американско беспилотно летало над Ормутскиот Теснец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранската Револуционерна гарда сруши извидувачки американски дрон
Револуционерната гарда на Иран утринава соопшти дека срушила извидувачки дрон од типот „RQ-4 Global Hawk“.
СЕНТКОМ го потврди рушењето на леталото, но нагласи дека тоа се случило додека летало во меѓународниот воздушен простор.
„На инцидентот не му претходеше провокација. Неточни се тврдењата на Техеран дека леталото го загрозило иранскиот воздушен простор“, се наведува во соопштението на СЕНТКОМ.
Од Техеран тврдат дека леталото е срушено откако влегло во иранскиот воздушен простор во јужниот дел на земјата.
Командантот на иранската Револуционерна гарда, Хусеин Селами, изјави дека во утринското соборување на американското беспилотно летало Иран испратил силна и потполно јасна порака до САД.
„Иран нема намера да војува со која било земја, но подготвени сме за војна доколку дојде до неа“, порача Селами во обраќањето до нацијата кое во живо го пренесуваше иранската државна телевизија.