свет

Американската администрација на Бајден одобри прва продажба на оружје на Тајван

- „Оваа продажба им служи на националните, економските и безбедносните интереси на САД со поддршка на континуираните напори на примачот [Тајван] да ги модернизира своите вооружени сили и да ја одржи веродостојната одбранбена способност“, соопшти DSCA

Riyaz Khaliq Khaliq  | 05.08.2021 - Обновена : 06.08.2021
Американската администрација на Бајден одобри прва продажба на оружје на Тајван

АНКАРА 

Администрацијата на Џо Бајден ја одобри првата потенцијална продажба на оружје на Тајван, договор вреден до 750 милиони американски долари, што најверојатно дополнително ќе ги поттикне тензиите со Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Оваа продажба им служи на националните, економските и безбедносните интереси на САД со поддршка на континуираните напори на примачот [Тајван] да ги модернизира своите вооружени сили и да ја одржи веродостојната одбранбена способност“, стои во соопштението на Агенцијата за безбедност и соработка во одбраната (DSCA).

„Продажбата ќе помогне да се подобри безбедноста на примачот и ќе помогне во одржувањето на политичката стабилност, воената рамнотежа, економскиот и напредокот во регионот“, се додава во соопштението.

За време на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп, Вашингтон потпиша договори за одбрана во вредност од 18 милијарди долари со Тајван.

САД минатата година му продадоа оружје во вредност од над 4 милијарди долари на Тајван, со што дополнително ги заостри своите веќе затегнати односи со Пекинг, кој ги гледа договорите како кршење на „Политиката за една Кина“.

Пекинг тврди дека островската држава Тајван е „отцепена провинција“, додека Тајпеј инсистира дека е независна од 1949 година.

Откако ја презеде функцијата овој јануари, претседателот Џо Бајден испрати и делегации на високо ниво во Тајпеј за дискусии фокусирани на економските и одбранбените односи.

„Продажбата на оваа опрема и поддршка нема да го смени основниот воен баланс во регионот“, се вели во соопштението на Агенцијата за безбедност и соработка во одбраната.

„Вашингтон, исто така, ќе испрати ’тимови за поддршка‘ на Тајван ’на привремена основа‘ за обука на персонал и прашања поврзани со тоа“, се додава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.