Behlül Çetinkaya
25 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Амбасадите на Соединетите Американски Држави (САД) и некои други земји во Анкара соопштија дека ќе се придржуваат до членот 41 од Виенската конвенција за дипломатски односи, кој предвидува дека дипломатите треба да ги почитуваат законите и прописите на земјите во кои се наоѓаат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена на твитер-профилот на Американската амбасада во Анкара се наведува: „САД поради појавата на одредени проблеми во врска со изјавата од 18 октомври потврдуваат дека ќе го почитуваат членот 41 од Виенската конвенција за дипломатски односи.“
Амбасадите на Канада, Финска, Данска, Холандија, Шведска, Норвешка и Нов Зеланд во Анкара, кои беа вмешани во контроверзните реакции за случајот со Осман Кавала, исто така ја споделија американската изјава на Твитер.
Членот 41 од Виенската конвенција за дипломатски односи бара дипломатот да ги почитува законите и прописите на земјата во која престојува.
„Не навлегувајќи во нивните привилегии и имунитети, сите лица кои уживаат привилегии и имунитети должни се да ги почитуваат законите и прописите на државата во која се акредитирани. Тие, исто така, должни се да не се мешаат во внатрешните работи на таа држава“, пишува во членот 41 од Виенската конвенција.