Zehra Ulucak
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - На северот од Америка, во сојузната американска држава Алјаска се случи земјотрес со интензитет од 8,2 степени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (УСГС) објави дека во 9.30 часот по локално време во Алјаска се случил земјотрес со интензитет од 8,2 степени, чиј епицентар е регистриран на 278 километри југоисточно од подрачјето Кодијак.
Земјотресот се случил во водите на Тихиот Океан, на длабочина од 10 километри. Поради можноста од појава на високи бранови, во регионот е издаден аларм за цунами.