Barış Seçkin
12 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
ТРСТ (АА) - Министерот за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано, во рамките на Самитот за Западен Балкан во Трст, Италија, истакна дека најважна порака на Самитот ќе биде дека земјите на Западен Балкан се дел од Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Состанокот во Трст е важен. Им праќа на луѓето во регионот јасна порака. Најважната порака на Самитот гласи: Драги граѓани на Западен Балкан вашето место е во Европа”, изјави Алфано на прес-конференцијата во Трст, каде што денес ќе започне Самит за Западен Балкан.
Тој истакна дека на Самитот во Трст ќе биде потпишан и договр за инвестициските проекти на земјите на ЕУ во регионот, во вредност од 200 милиони евра.
Тој додаде дека споменатите проекти ќе им помогнат на земјите од регионот во споредувањето на реформите на патот кон Европската Унија.
На Самитот кој се одвива во рамките на Берлинскиот процес, ќе се разговара за воспоставување на заеднички балкански пазар, јакнење на регионалната соработка, унапредување и проширување на инфраструктурата и енергетските услуги на регионот, мигрантските политики, и борбата против корупцијата, тероризмот и сите облици на радикализам.