Mahmoud Barakat
09 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
АЛЖИР (АА) - Парламентот на Алжир го назначи Абдулкадир бин Салих, челникот на Советот на нацијата (Горниот дом на Парламентот), за привремен претседател на државата, на местото на Абделазиз Бутефлика, кој поднесе оставка минатата недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова назначување се случи на заедничката седница одржана од страна на Долниот и Горниот дом на Парламентот, со применување на членот 102 од Уставот на Алжир, кој вели дека во случај на оставка или смрт на претседател, претседателот на Парламентот треба да го преземе извршниот орган за 90 дена, период во чиј тек може да се одржат претседателските избори.
На денешната седница учествуваа 470 од вкупно 487 парламентарци, кој е вкупниот број на парламентарци на двата дома.
Минатата недела Бутефлика поднесе оставка во рамки на протестите во кои се бараше заминување на сите функционери поврзани со режимот на поранешниот претседател.