02 Февруари 2024•Ажурирај: 03 Февруари 2024
АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Улиците на Стариот град во Ал Кудс/Ерусалим и денес се празни, а продавниците се затворени пред џума, петочната молитва на муслиманите, поради ограничувањата воведени од израелската полиција за Палестинците, јавува Анадолу.
Од почетокот на израелската војна во Појасот Газа на 7 октомври, 17 последователни недели израелската полиција воведува строги ограничувања во петоците, спречувајќи десетици илјади верници да дојдат во џамијата Ал Акса на молитва.
Во Ал Акса, пред 7 октомври, за петочната молитва доаѓаа повеќе десетици илјади верници, но поради ограничувањата сега присуствуваат само неколку илјади.
За муслиманите, Ал Акса е трето најважно светилиште, а Евреите тврдат дека порано таму имало два еврејски храма.
Комплексот на Ал Акса, кој се протега на 15 отсто од површината на старото јадро на Ал-Кудс, е под израелска окупација и претставува точка на спојување на трите најголеми религии во светот.
Израел го окупира Источен Ал-Кудс (Источен Ерусалим), каде што се наоѓа Ал Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектираше целиот град во 1980 година, постапка што меѓународната заедница никогаш не ја призна.