Активистите на Глобалната флотила „Сумуд“ со решителност го продолжуваат своето патување кон Газа
„Гледаме како повеќе од 2 милиони луѓе гладуваат и се заробени од страна на Израел. Сведоци сме на соучеството на меѓународните влади, вклучително и мојата земја, во вооружувањето и поддршката на Израел во овој масакр“, изјави активистот Дејвид Олсен

БАРСЕЛОНА
- Бернат ЛАУРАТО БИДЕГЕЈН РОС
Активистите на Глобалната флотила „Сумуд“, кои тргнаа за пробивање на израелската блокада на Газа со поддршка на повеќе од 44 земји, во знак на солидарност со Палестина, го продолжуваат своето тешко, но решително патување за да стигнат до Газа, известува Анадолу.
Активистите на еден од бродовите во флотилата, кој тргна од пристаништето Барселона, Шпанија, и го продолжува своето патување кон Газа, зборуваа со дописникот на Агенција Анадолу (АА).
Американскиот активист Дејвид Олсен, еден од активистите кои го продолжија своето тешко, но решително патување преку морето, изразувајќи го својот ужас од бруталноста што ја виделе во Газа, додаде:
„Гледаме како повеќе од 2 милиони луѓе гладуваат и се заробени од страна на Израел. Сведоци сме на соучеството на меѓународните влади, вклучително и мојата земја, во вооружувањето и поддршката на Израел во овој масакр“.
Олсен рече дека обезбедувањето помош во оружје на земја којашто го блокира влезот на хуманитарната помош е незаконско и нагласи дека илјадници камиони што се обидуваат да достават помош во Газа се заглавени со скапана и расипана храна.
Олсен, кој е рибар во американската држава Алјаска, рече:
„Гледаме слики од ослабени и гладни деца, холокауст на 21 век. Владата на мојата земја (САД) мора да ги прекине сите трговски трансфери и трансферот на оружје со Израел“.
Олсен објасни дека повеќето од бродовите што тргнале биле едрилици и можеле да се борат со ветерот, додавајќи дека создаваат вистински „бродски еп“.
Тој изјави дека е безгранично „варварството“ на Израел, и додаде:
„Исто така, исклучително сум загрижен за Палестинците, државјани на САД. Има многу американски Палестинци заглавени во Газа кои не можат да излезат, па дури и се убиени. Овие луѓе треба да контактираат со најблиската Амбасада на САД, која е во Тел Авив“.
Олсен рече дека јавноста мора да направи нешто за да ги спречи настаните во Газа, каде што владите не успеаја да дејствуваат. Тој потсети дека вработените на пристаништата во Италија објавиле дека доколку Израел интервенира и ги заплени бродовите на флотилата, ќе затворат некои пристаништа.
„Само народот може да ги запре овие убиства, а не владите“, истакна Олсен.
- „Ќе одиме до крај“
Дорис До Блок, 52-годишна белгиска болничарка и мајка на две деца, која е меѓу учесниците во флотилата, изјави:
„Тргнуваме со Глобалната флотила „Сумуд“ за да ја пробиеме хуманитарната блокада во Газа. Подготвени сме и мотивирани додека нѐ стигнеме до Газа и заедно ќе успееме“.
Нагласувајќи дека Глобалната флотила „Сумуд“ е „колосална“ иницијатива, Дорис рече дека иницијативата не е „забавно патување“ и дека „тие ќе одат до крај“.
„Ќе одиме до крај. Никогаш, никогаш нема да се откажеме. (Владите) Апсолутно мора да престанат да бидат соучесници во геноцидот во Газа“, посочи Дорис.
Повикувајќи ги владите да го прекинат своето соучесништво со Израел, Дорис продолжи со зборовите:
„Првенствено, ќе успееме да ги допреме срцата на жителите на Газа, на Палестинците, на палестинскиот народ, бидејќи тие знаат дека сме на пат кон нив.“
Активистите, на патувањето кон Газа на брод украсен со палестински знамиња, додека го водат својот секојдневен живот на море, комуницираат со другите бродови во флотилата преку радиоврска.
- Глобална флотила „Сумуд“
Бродовите кои припаѓаат на меѓународната флотила за цивилна помош, Глобалната флотила „Сумуд“, формирана со поддршка на повеќе од 44 земји со цел изразување солидарност со Палестина и пробивање на израелската блокада, испловија од Барселона, Шпанија, кон Газа на 31 август. Истиот ден, неколку бродови што носеа вкупно 300 тони помош од Џенова, Италија, испловија во Медитеранот за да се приклучат на Глобалната флотила „Сумуд“.
Сумуд, што на арапски значи „решителност“ или „непоколеблива решителност“, меѓу палестинскиот народ еволуираше во концепт кој го опишува угнетувањето и отпорот по Шестдневната војна од 1967 година. Сумуд ја означува потребата Палестинците да останат на своите земји, да го зачуваат палестинскиот идентитет и култура и да бараат начини да се спротивстават на окупацијата и да изградат алтернативни институции преку ненасилна граѓанска непослушност. Во Палестина се користат маслиново дрво и бремена селска жена за да се прикаже овој концепт.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.