свет

Активистите во Хонгконг против законот за безбедност предложен од страна на Кина

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја критикуваше предложената легислатива на Кина за национална безбедност за Хонгконг, нарекувајќи ја еднострана и произволна

Havva Kara Aydın  | 25.05.2020 - Обновена : 26.05.2020
Активистите во Хонгконг против законот за безбедност предложен од страна на Кина Фото: Miguel Candela Poblacion/AA

ХОНГКОНГ (АА) - Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Хонгконг во знак на протест против планот на Пекинг за воведување нов закон за национална безбедност во полуавтономната кинеска територија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тие се собраа во окрузите Казвеј Беј и Ван Чаи и извикуваа антивладини пароли како „Застанете покрај Хонгконг“ и „Зачувајте го Хонгконг“.

Околу Казвеј Беј беа забележани камиони за водени топови и оклопни полициски возила, а полицијата во Ван Чаи со солзавец се обиде да ја разбие толпата.

Уапсени се околу 120 лица, меѓу кои и истакнатиот активист Там Так-чи.

Според официјалните претставници, повредени се и четворица полицајци од тули фрлени од некои демонстранти.

Предлог-одлуката за воспоставување и подобрување на правниот систем и на механизмите за спроведување во Хонгконг беше доставена до Националниот конгрес на Кина на разгледување во петокот, со цел промена на долгорочниот статус на непостоење на каква било одбрана на територијата.

„Сè поголемите видлици ризици по националната безбедност во ХКСАР [Специјалниот Административен Регион Хонгконг] станаа главен проблем“, рече Ванг Чен, потпретседател на Постојаниот комитет при Националниот конгрес на Кина.

- САД и Канада загрижени за Предлог-законот -

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во петокот ја критикуваше предложената легислатива на Кина за национална безбедност за Хонгконг, нарекувајќи ја еднострана и произволна.

Канадскиот премиер Џастин Трудо исто така изрази загриженост во врска со можноста Кина да одговори на продемократските демонстрации во Хонгконг.

Хонгконг, автономниот регион под власт на Кина од 1997 година, е средиште на протести уште од почетокот на 2019 година против потегот на администрацијата на Кери Лам да ја легализира екстрадицијата кон континентална Кина.

Предлог-законот сега е отфрлен, а меѓународните економски набудувачи изразија загриженост во врска со економските перспективи на светскиот бизнис-центар.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın