Hasan Tosun
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ВИЕНА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка, предложи бегалците кои извршиле кривично дело да го изгубат правото на азил, јавува Anadolu Agency (AA).
Соботка, кој е член на Народната партија на Австрија, со својата изјава за весникот „Остереих”, на дневен ред го постави својот предлог со кој секој мигрант кој нема да се однесува во согласност со законите, автоматски треба да го загуби статусот на азилант.
Министерот Соботка рече дека е потребно на сите мигранти кои пред кривичниот суд биле прогласени за виновни и биле казнети со најмалку три години затвор, да им се прекине процедурата за барање азил.
Соботка за предлогот со кој лицата кои го прекршиле законот, автоматски да го загубат статусот на баратели на азил, го оцени како „разумни мерки на претпазливост кои што треба да се земат предвид". Предлогот ќе може да се примени и за лицата кои очекуваат одговор на барањето за азил и за оние кои веќе добиле статус на бегалци.
Според јавното мислење, 79 отсто ја даваат својата поддршка на овој закон, според кој лицата кои извршиле кривично дело да го загубат статусот на азиланти.
Големиот партнер на власта, Социјалдемократската партија, молчи во врска со овој предлог, додека Партијата на зелените смета дека ваквите законски измени со рестриктивни аспекти кон мигрантите може да ги зголеми проблемите.