Ali Mukarrem Garip
22 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
КИРКУК (АА) - По дојавата на граѓани, полицијата во ирачкиот град Киркук доцна синоќа фати малолетен бомбаш-самоубиец и го спречи во обидот да изврши самоубиствен напад, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во квартот Тисин во Киркук фатен е малолетен бомбаш кој со експлозив во елекот имал намера да изврши самоубиствен напад врз џамијата Ресул Азам”, изјави за АА шефот на полицијата во Киркук, Хатап Омер.
Истакнувајќи дека фатениот бомбаш-самоубиец имал 15 години, Омер изјави дека припадниците на деминерскиот одред на полицијата успешно го деактивирале експлозивниот елек кој го носело момчето.
Синоќа во квартот „Први Јуни” во Киркук, бомбаш-самоубиец изврши напад во џамијата Џафар ес-Садик, притоа повредени беа три лица, меѓу кои двајца полицајци.