Ekip
22 Јуни 2018•Ажурирај: 23 Јуни 2018
ВИЕНА (АА) - Халид ал Фалих, министерот за нафта на Саудиска Арабија, изјави дека официјалните претставници на земјите големи произведувачи на нафта ќе разговараат за предлогот за зголемување на производството за околу милион барели дневно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министрите на Организација на земјите извозници на нафта (ОПЕК) ќе се состанат денес во Виена поради предлогот кој би можел да ги направи разговорите тешки.
Саудиска Арабија, која е најголем произведувач на ОПЕК, е отворена за зголемување на производството, додека Иран е неодлучен. Дури и американскиот претседател Доналд Трамп лобираше кај ОПЕК кој би можел да помогне во падот на цените на нафтата на глобалниот пазар.
Ал Фалих изјави дека Комитетот на ОПЕК се сложил да препорача одобрение на еквивалентот од околу милион барели за пазарот.
Доколку во петок дојде до одлука да се зголеми производството, тоа би значело крај на договорот за намалувањето кој е постигнат кон крајот на 2016 година и кој помогна цената на нафтата да се зголеми за речиси 50 отсто.