Zeynep Hilal Karyağdı
22 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
ГАЗА (AA) - Израелските војници ранија фоторепортер на Anadolu Agency (AA) Али Јадалах кој ги следеше мирните протести на Палестинците на подрачјето на Газа во близина на граница со Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Фоторепортерот на АА со боева муниција е ранет во левата рака после што е префрлен во болница во Газа.
Се уште е во текот интервенцијата на израелските сили на собраните демонстранти на тоа подрачје.
Израелските војници во текот на мирните демонстрации за „Големиот марш за врашање", кои од 30 март се одржуваат на границата на Газа, усмртија 128 и ранија повеќе од 14.000 Палестинци.
Потсетуваме, Палестинците од 30. март, на Денот на земјата, на границата помеѓу Појасот Газа и Израел организираат мирни демонстрации „Голем марш за враќање".
Израелските војници против цивилното население кое бара враќање на територијата од која се протерани, како и укинување на блокадата која над Газа се применува од 2006 година неретко користат и боева муниција.