Islam Uddin
24 Октомври 2022•Ажурирај: 26 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Австралиските сојузни држави Нов Јужен Велс, Викторија и Тасманија се погодени од обилни врнежи од дожд што предизвика поројни поплави во неколку области, соопштија локалните власти денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет, рече дека неговата сојузна држава се соочува со опасност од поплави на повеќе фронтови во услови кога многу од нејзините области веќе беа погодени од неодамнешните поплави.
„Поради продолжувањето на обилните дождови, силните ветрови и грмотевици кои се прогнозираат од денес до средината на неделата, ги повикуваме жителите да останат будни и да бидат во тек со најновите прогнози и предупредувања преку веб-страниците на СЕС и БОМ и да ги следат советите на службите за итни случаи“, напиша Перот на Твитер.
Службата за итни случаи, исто така, издаде предупредување за локалните жители кои живеат во Винтертон Парејд да се евакуираат бидејќи Долен Северен Лизмор се поплавува.
Локалните власти го пронајдоа и телото на жената која беше исчезната по силните поплави во Гулгонг.
Австралиското биро за метеорологија, исто така, издаде предупредување за силна бура со грмотевици на источниот и североисточниот брег.
„Силните грмотевици веројатно ќе произведат обилни врнежи од дожд што би можеле да доведат до поројни поплави, голем град и силен ветер во зоната за предупредување во следните неколку часа. Локациите кои најверојатно ќе бидат погодени се Лизмор, Графтон, Оринџ, Дабо, Кобар и Бурк“, се додава во соопштението.