Riyaz ul Khaliq
21 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
АНКАРА (АА) - Австралија е последната земја која објави дека се приклучува на коалицијата на земјите предводени од Соединетите Американски Држави (САД), за заштита на Ормудскиот Теснец поради стравувањата од напади од Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Астралискиот премиер Скот Морисон утринава изјави дека вклученоста на Австралија ќе биде скромна, значајна и временски ограничена“, објави весникот „Сиднеј морнинг хералд“ („Sydney Morning Herald“).
Цитирајќи ги неодамнешните инциденти поврзани со испораката, тој рече: „Ова дестабилизирачко однесување е закана за интересите на Австралија во регионот“.
Канбера соопшти дека ќе испрати воен брод, авиони за надзор и одбранбени сили за влез во коалицијата.
„Владата одлучи дека претставува национален интерес на Австралија да работи со нашите меѓународни партнери. Нашиот придонес ќе биде ограничен во обем и време“, беше цитиран австралискиот премиер од дневниот весник.
САД на 10 јули ги соопштија своите планови за создавање меѓународна воена коалиција за заштита на водите од Иран и Јемен, по нападите на двата нафтени танкери во јуни.
„Вашингтон ќе идентификува кои нации ја имаат политичката волја за поддршка на иницијативата“, изјави началникот на Генералштабот на Војската на Соединетите Американски Држави (САД), Џозеф Данфорд.
САД објавија дека ќе обезбедат „главна свест и надзор над разузнавањето“ за координација за време на патролите и меѓу бродовите.
Тензиите меѓу САД и Иран ескалираа откако беа нападнати танкери во Ормудскиот Теснец. Вашингтон го сметаше Техеран за одговорен за нападите и исто така го обвини за уништување на уредите за навигација во водите, обвинувања што Иран ги негираше.