свет

Од затвор во Индонезија избегаа 258 затвореници

По немирите, петмина затвореници биле предадени повторно во затворот од страна на нивните семејства, а продолжува потрагата по другите затвореници што избегале

Mahmut Atanur  | 21.08.2019 - Обновена : 25.08.2019
Од затвор во Индонезија избегаа 258 затвореници

ЏАКАРТА (АА) - Најмалку 258 затвореници избегаа од затворот во индонезиската источна покраина Западна Папуа, каде што беше подметнат пожар за време на протестите во затворот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според вестите на локалните медиуми, во рамки на протестите во оваа покраина, подметнат е пожар во еден затвор во кој се наоѓале 547 затвореници во подрачјето на Соронг, а како резултат на оштетување на ѕидот на затворот, од него избегале најмалку 258 затвореници.

Властите соопштија дека во немирите се повредени неколку припадници на безбедносните сили во затворот.

По немирите, петмина затвореници биле предадени повторно во затворот од страна на нивните семејства, а продолжува потрагата по другите затвореници што избегале.

Во демонстрациите, кои се одржаа во понеделникот во Западна Папуа, пожари беа подметнати во зградата на Парламентот, во возила, како и во деловни простории, а Владата на местото на настанот испрати голем број припадници на безбедносните сили поради можност за поголема масовност на протестот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın