Elena Teslova
22 Јуни 2022•Ажурирај: 23 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Комерцијален авион со 7 лица исчезна за време на денешниот лет во руската арктичка област Јакутија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека авионот „Ан-30М“ не слетал во договореното време на аеродромот во Оленек.
„Хеликоптер „Ми-8“ и авион „Ан-26“ полетаа во потрага по исчезнатиот авион“, се вели во соопштението.
Република Саха-Јакутија се наоѓа на рускиот далечен исток долж Арктичкиот Океан и е една од најненаселените области во светот со приближно 1 милион луѓе кои живеат на површина од повеќе од 3 милиони квадратни километри.