Sayed Khodaiberdi Sadat
20 Април 2021•Ажурирај: 21 Април 2021
КАБУЛ
Осум полицајци го загубија животот во вооружен напад на талибанските милитанти врз полициската станица во провинцијата Бадахшан, североисточно од Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-претседателот на Покраинскиот совет на Бадахшан, Абдулах Наџи Назари, во изјавата за медиумите рече дека милитантите извршиле вооружен напад врз полициската станица во областа Риг, во Бадахшан.
Истакнувајќи дека во нападот животот го загубија 8 полицајци, а 2 полицајци се повредени, Назари рече дека во судирот што следуваше по нападот, исто така и милитантите ги загубиле своите животи.
Талибанците сè уште не дадоа изјава за нападот.
Исто така, вчера две лица од безбедносните сили го загубија животот како резултат на вооружениот напад на талибанските милитанти врз фабриката за шеќер во провинцијата Баглан, на северот од Авганистан.
Од една страна во земјата насилните инциденти продолжуваат, од друга страна пак, се работи на обезбедување на стабилноста во земјата.
Во организација на Турција, Катар и Обединетите нации (ОН) од 24 април до 4 мај во Истанбул ќе се одржи конференција на високо ниво меѓу претставниците на Исламската Република Авганистан и претставниците на талибанците.