Mahmoud Mohamed Barakat
07 Октомври 2023•Ажурирај: 09 Октомври 2023
КУДС (АА) - Претседателот на Палестина, Махмуд Абас денес го нагласи правото на својот народ да се брани, соопшти палестинската официјална новинска агенција WAFA, пренесува Анадолу.
За време на итниот состанок со највисоките цивилни и безбедносни официјални лица, претседателот на Палестина, Махмуд Абас нареди да се спроведе неопходната заштита на луѓето, нагласувајќи го правото на палестинскиот народ да се „брани од тероризмот на доселениците и окупаторските сили.“
Најмалку 22 Израелци загинаа, а над 70 се ранети во нападите што Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, ги изведоа врз Израел ова утро од Појасот Газа.
Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, рано утринава објави дека ја започнала операција „Aqsa Flood“ против Израел и извршила ракетни напади врз Израел од блокираниот Појас Газа, соопштувајќи дека вооружени групи влегле во населбите во регионот.
WAFA објави дека најмалку 4 Палестинци се убиени, а петмина се ранети во судирите меѓу израелската војска и палестинските групи во пограничното подрачје на Појасот Газа.