Awad Rjoob,Halime Afra Aksoy
17 Март 2024•Ажурирај: 18 Март 2024
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани телефонски разговараа за ситуацијата во Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Како што наведува палестинската новинска агенција ВАФА, Абас и Ал Тани нагласиле дека Израел треба целосно да се повлече од Појасот Газа и да ги запре сите акции на Западниот Брег и Ерусалим/Ал Кудс.
„Потребно е да се вложат напори за да се стави крај на нападите врз палестинскиот народ во Појасот Газа, Западниот Брег и Ал Кудс“, нагласено е во разговорот.
Кажано е и дека Израел не смее да воведува ограничувања за извршување на молитвите во џамијата Ал Акса.
Абас и Ал Тани го истакнаа значењето на напорите за доставување на поголема хуманитарна помош во Појасот Газа.
Израел започна напади врз Појасот Газа по 7 октомври минатата година и прекуграничниот напад на Хамас. Оттогаш во израелските напади загинаа најмалку 31.645 Палестинци, главно жени и деца, а 73.676 се повредени.
По тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.