свет

Tајфун го погоди Виетнам, смртно настрадаа најмалку 22 лица

Во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од тајфунот, формиран во Јужнокинеското Море, загинаа 22 лица, а 12 се водат за исчезнати

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 23.07.2018 - Обновена : 23.07.2018
Tајфун го погоди Виетнам, смртно настрадаа најмалку 22 лица АА/Архива

Hanoi

ХАНОИ (АА) - Од последиците на тајфунот „Сон Тин“, кој го погоди северен Виетнам, смртно настрадаа најмалку 22 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Новинската агенција „Кјодо“, повикувајќи се на изјавите од официјално лице од цивилната заштита, јавува дека во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од тајфунот, формиран во Јужнокинеското Море, загинале 22 лица, а 12 се водат за исчезнати.

Во налетот на тајфунот кој го погоди Ханој, беа повредени 26 лица, а околу 4.000 станбени објекти беа оштетени. Штетата е нанесена на земјоделско земјиште од 100.000 хектари. Поплавени беа околу 6.000 објекти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın