Eруптираше вулканот Килауеа на Хаваи со фонтани од лава високи 120 метри
- Ерупцијата во кратерот Халемаумау започна во раните утрински часови вчера и продолжи со стабилна активност во текот на целиот ден.
СКОПЈЕ (АА) – Вулканот Килауеа на Хаваи еруптираше, исфрлајќи лава на висина од околу 120 метри, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), јавува Анадолу.
Ерупцијата во кратерот Халемаумау започна во раните утрински часови вчера и продолжи со стабилна активност во текот на целиот ден.
Според Американскиот геолошки институт, слабите север-североисточни ветрови насочиле најголем дел од пепелта и вулканските гасови кон југ-југозапад, со што се ограничени директните влијанија врз пошироката област околу врвот.
Килауеа се смета за најмлад и најактивен вулкан на големиот остров на Хаваи.
Тој еруптира речиси непрекинато од 1983 година и останува еден од најинтензивно следените вулкански системи во светот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
