свет

Eдна фудбалерка од иранската репрезентација, на која Австралија ѝ даде азил, побара да се врати во Иран

Претседателот на фудбалската федерација на Иран изјави дека Австралија извршила притисок врз членките на женската национална репрезентација за да побараат азил

Amir Latif Arain  | 11.03.2026 - Обновена : 11.03.2026
Eдна фудбалерка од иранската репрезентација, на која Австралија ѝ даде азил, побара да се врати во Иран

ИСТАНБУЛ (АА) - Една од седумте фудбалерки од иранската фудбалска репрезентација, на која претходно ѝ беше даден азил од австралиската Влада, ја смени својата одлука и побара да се врати во Иран, објави денес Австралиската радиодифузна корпорација, пренесува Анадолу.

Министерот за внатрешни работи Тони Бурк го потврди тоа, изјавувајќи дека фудбалерката стапила во контакт со претставници на иранската амбасада, кои ја зеле од хотелот каде што престојувала со другите членови на делегацијата што одлучиле да останат во Австралија.

Тој изјави дека претставниците разговарале со фудбалерката која ја поништила својата одлука за да се „осигурат дека тоа е нејзина лична одлука“ и дека „било поставено секое прашање што би сакале да биде поставено“.

Бурк додаде дека им наложил на надлежните служби да ги преместат другите спортистки на нова локација откако иранската амбасада дознала каде се наоѓаат.

Претседателот на фудбалската федерација на Иран изјави дека Австралија извршила притисок врз членките на женската национална репрезентација за да побараат азил.

Визите за заштита биле издадени вчера, само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп упати апел до Австралија да им обезбеди азил на фудбалерките на иранската женска репрезентација, истакнувајќи дека тие би можеле да се соочат со сериозна опасност доколку бидат принудени да се вратат дома.

Женската фудбалска репрезентација на Иран учествуваше во Азискиот куп за жени на АФЦ 2026, чиј домаќин беше Австралија, привлекувајќи го светското внимание откако фудбалерките одржаа тивок протест против Владата на Техеран, одбивајќи да ја пејат националната химна пред нивниот прв натпревар.

Подоцна тимот беше елиминиран од турнирот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın