Kaan Bozdoğan
06 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - КААН БОЗДОГАН - Амбасадорот на Бангладеш во Анкара, М. Алама Сидики, соопшти дека 750 илјади Рохинџа-мигранти кои бегајќи од суровоста на мјанмарската Влада и војска се засолниле во Бангладеш, за две години ќе се вратат во нивните домови, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот Сидики во изјава за АА потсети дека стотици илјади Рохинџи кои бегале од нападите во Мјанмар, се засолниле во Бангладеш, и додаде дека премиерката на Бангладеш, Шеих Хасина, како и народот на Бангладеш, им помагале и ги заштитиле мигрантите.
Сидики рече дека посакуваат бегалците да се вратат во своите домови, и затоа, како што рече тој, се реализираат низа состаноци меѓу Бангладеш и Мјанмар. Тој посочи дека се обидуваат да развијат систем и метода со кои ќе им овозможат на Рохинџите муслимани што се протерани од своите територии, да се вратат во нивните домови, и дека заова прашање формирале заедничка работна група меѓу двете земји.
„Со Мјанмар се согласивме дека овие лица (Рохинџите), во најскоро време треба да се вратат во своите домови. За кратко време ќе се вратат во Мјанмар“, истакна тој, и додаде дека Мјанмар за две години ќе ги прими сите 750 илјади Рохинџа-мигранти што се наоѓаат во Бангладеш.
- „Благодарни сме на Турција и турскиот народ“ -
Сидики потсети дека турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, бил првиот муслимански лидер кој го посетил регионот откако се појави кризата.
„Дали знаете дека ова е голема, возвишена реакција. Кога кризата се појави во август 2017 година, Турција беше првата земја која дојде со ветувања за сериозна материјална и духовна поддршка“, нагласи Сидики, истакнувајќи дека претседателот на Турција, Ердоган, бил првиот муслимански лидер кој барал решение за кризата.
„Благодарни сме на Турција и турскиот народ поради ставот и реакцијата за нашето прашање“, додаде Сидики.
Тој вели дека го ценат тоа што Турција е земја која примила најмногу бегалци.-
- Пофалби за турските медиуми околу мигрантското прашање -
Главниот конзул на Бангладеш во Истанбул, Мохамад Монирул Ислам, истакна дека им се благодарни на медиумите во Турција поради тоа што со одговорност и чувствителност се справувале со мигрантското прашање. Тој рече дека турските медиуми покажале многу позитивен и конструктивен став околу ова прашање.
„Ова прашање стана меѓународно со позитивните и констурктивни ставови на медиумите и другите агенции (во Турција)“, рече Ислам, главен конзул на Бангладеш во Истанбул.